Работнички го доведе и Караџовски, се создава тим за титула

Димитар Караџовски е најновото име во тимот на Работнички, со кое „центарци“ создаваат уште посилен тим и најавуваат атак на шампионската титула. Работнички долго време играше „топло-ладно“, неочекувано загуби неколку средби на кои беше фаворит, но тимот на тренерот Мираковски во вистински момент влезе во топ-форма, забележувајќи победи на последните осум натпревари (шест во Првата лига, два во АБА2).

Караџовски сезонава беше еден од најдобрите поединци во редовите на Кожув, но искусниот плејмејкер речиси цел месец беше поврзуван со заминување од Гевгелија. Интерес за неговите услуги покажаа уште неколку екипи со големи амбиции, но Караџовски на крајот ја избра понудата на Работнички.

Тој го комплетираше трансферот пред истекот на преодниот рок и ќе биде големо засилување за „центарци“ во клучниот дел од сезоната. Работнички минатата седмица потпиша договор и со центарот Иван Аска, екс-репрезентативец на Девствените Острови, кој исто така наскоро ќе дебитира во дресот на „центарци“.

Се вчитува...