Работнички го освои Чаир, Силекс слави во Струмица, реми за Вардар против „пандевци“

Академија Пандев не загуби против Вардар во Скопје, играјќи 1-1. Љупчо Дориев во 85.минута донесе реми за гостите на овој натпревар. Во првиот дел, Даниел Аврамовски го постигна првиот гол по доаѓањето во Вардар, со одличен шут од 20 метри. Тој во 28.минута успеа да ја затресе мрежата на „пандевци“.

Лидерот Шкендија сега има 12 бода позитива во однос на Вардар, откако во тетовската пресметка ја совлада Ренова со 2-1. Егзон Бејтулаи во 34.минута го отвори резултатот, а израмни Нехар Садики четири минути подоцна.

Марјан Радески во 54.минута го постигна победничкиот погодок за Шкендија на овој меч.

Работнички со пресврт стигна до важен триумф на Чаир, совладувајќи го Шкупи со 1-2. Устабаши во 28.минута постигна гол за Шкупи, по слободниот удар на Исени, а Работнички возврати силно во второто полувреме.

Оливер Пеев во 55.минута го израмни резултатот, а две минути подоцна Баже Илијоски направи комплетен пресврт.

Македонија ЃП убедливо ја совлада Победа со 3-0. Христијан Кировски во првиот дел, и Робсон да Силва и Пауло Карваљо во второто полувреме беа стрелци на головите за „лавовите“.

Силекс оствари многу важна победа (0-1) во битката за опстанок, на гости против Беласица во Струмица. Дарко Додев во 50.минута беше стрелец на победничкиот гол за кратовскиот тим.

ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 2-1

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-2

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 3-0

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 0-1

Табела: Шкендија 62, Вардар 50, Академија Пандев 46 (-1), Ренова 36, Работнички 36, Македонија ЃП 34, Шкупи 33, Силекс 28, Беласица 23, Победа 19.

Се вчитува...