Работнички го совлада Днипро (3-2) на првата контрола во Анталија

Работнички со победа ги стартуваше тест – натпреварите во турскиот туристички центар Анталија. „Романтичарите“ го совладаа украинскиот прволигаш Днипро со 3-2, иако имаа негатива од 0-2.

Баланјук во 30.минута го отвори резултатот во корист на Днипро, а Херера си постигна автогол девет минути подоцна, за водство на Украинците од 0-2.

Филип Ивановски возврати во 42.минута со одличен удар со глава и намали на 1-2.

Во второто полувреме, Работнички беше многу подобар противник и успеа да стигне до комплетен пресврт и победа.

Кире Маркоски во 57.минута го израмни резултатот, а Емир Сахити во 72.минута го постигна победничкиот погодок за „романтичарите“. Во завршницата, Днипро го погоди дирекот од голот на Даниел Божиновски.

Се вчитува...