Работнички го враќа Виктор Ангелов во Македонија

Македонскиот прволигаш Работнички ќе го ангажира напаѓачот Виктор Ангелов како последно засилување во овој зимски преоден рок. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери која настапуваше на Европското првенство во Полска за селекции до 21 година, по две сезони поминати во унгарскиот Ујпешт се враќа во Македонија и ќе го носи дресот на „романтичарите“.

Виктор Ангелов на 19-годишна возраст беше дел од Работнички, потоа играше и во Тетекс и во Металург, а сега повторно ќе се врати во клубот од Дебар Маало.

Се вчитува...