Работнички го врати Драшко Ѓорѓевиќ

Работнички од денеска е посилен и за Драшко Ѓорѓевиќ, српскиот интернационалец кој беше дел од „романтичарите“ во сезоната 2020/21. Тој потпиша договор и се врати во Работнички откако во изминатиот период настапуваше за српскиот клуб Рад.

Ѓорѓевиќ ќе ја засили конкуренцијата во одбраната и веќе се наоѓа со тимот на подготовките во Анталија.

Денеска Работнички ќе го одигра и првиот пријателски натпревар на подготовките во турскиот туристички центар, а противник е украинскиот прволигаш Лвов.

Се вчитува...