Работнички и Ренова својот натпревар од 21.коло во Првата фудбалска лига ќе го одиграат в сабота, со почеток од 14 часот, на „Телеком Арена“ во Скопје, објави организаторот на овој меч на својот официјален сајт. Во оптек за гледачите ќе биде пуштена Јужната трибина на „Телеком Арена“, додека на Северната трибина, поради нејзино реновирање, ќе биде дозволен влез само за новинарските екипи.
Во пресрет на овој првенствен дуел, Работнички се наоѓа на четвртата позиција со 32 освоени бода, додека Ренова е петтопласирана со 27 бода. Во минатото коло и двете екип ремизираа. Работнички одигра 1-1 на гостувањето на Чаир против Шкупи додека Ренова играше 2-2 против Македонија ЃП во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА