Работнички со победа над Македонија ЃП со 2-1, ги стартуваше пријателските натпревари на зимските подготовки. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Алими во 24. минута, а Аломеровиќ стрелаше во 90. минута и ја донесе победата. Мишевски во 9. минута од средбата донесе предност за Македонија ЃП.
Ова беше втора контрола на ѓорчепетровци, во која претрпеа и втор пораз. Претходно „лавовите“ беа поразени од Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА