Работнички ќе се засилува со Иво Јанакиевски

Досегашниот член на Скопје, Иво Јанакиевски ќе биде нов фудбалер на Работнички. Играчот од средниот ред доаѓа во таборот на „романтичарите“ по препорака на Љупчо Марковски кој досега му беше тренер во тимот од Автокоманда, па сега да го има и во новиот клуб.

Јанакиевски покрај Скопје, играше во Силекс, Тетекс, Металург, Љубанци, Тиквеш, Борец и Македонија ЃП.

Работнички засега покрај тренерот Марковски, досега промовираше само едно ново име. Станува збор за голманот Игор Алексовски кој доаѓа од таборот на Ренова.

Во таборот на „романтичарите“ се планирани уште неколку нови имиња, меѓу кои и младиот бек на битолски Пелистер, Филип Бошковски. Бошковски игра на позицијата десен бек, и ќе треба да биде замена за Бојан Илиевски кој отиде во Македонија ЃП.

Се вчитува...