Работнички најде Македонец во Војводина – потпиша Теодор Атанасов

Работнички продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, откако актуелниот вицешампион по вчерашниот потпис со Американецот Лесколт денеска донесе уште еден нов кошаркар во своите редови. Станува збор за Теодор Атанасов, 23-годишен  центар висок 206 сантиметри, кој потпиша договор на една година со „центарци“.

Станува збор за играч кој поголемиот дел од последните три сезони го мина во дресот на Војводина. Сепак, за Работнички тој ќе настапува како домашен кошаркар бидејќи поседува македонски документи, па ќе биде регистриран како македонски играч за најтрофејниот клуб.

Атанасов минатата сезона настапи на 14 средби во српскиот шампионат, во просек реализирајќи по 10,4 поени и 4,4 скокови по натпревар. Последните месеци од сезоната тој ги мина во шпанскиот нисколигаш Конехеро.

Се вчитува...