Работнички објави дека сите фудбалери се негативни на Covid-19, денеска се тестираат Шкендија и Ренова

Сите фудбалери и членови на стручниот штаб на Работнички се негативни на коронавирусот, информира клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Тимот продолжува со активности подготвувајќи се за продолжението на првенството во Првата лига, а допрва треба да се комплетира со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ и дел од странските фудбалери.

„ФК Работнички продолжува со активности откако резултатите од тестирањето на Covid-19 покажаа дека сите тестирани се негативни. По извршените тестови, фудбалерите и стручниот штаб можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи. Активностите продолжуваат со почитување на протоколите и тренинзи во мали групи. Во наредниот период ФК Работнички очекува комплетирање на стручниот штаб и на играчкиот погон и со странците кои заминаа во родните земји за време на пандемијата со коронавирусот“, извести Работнички на сајтот.

Мобилната екипа на Аџибадем Систина денеска ќе биде активна во Тетово и ќе изврши тестирање на ФК Ренова и ФК Шкендија.

Се вчитува...