Работнички освојувач на младинскиот Куп (ФОТО)

Младинската екипа на Работнички е победник во финалето на Купот на Македонија. Младите „романтичари“ во финалето го победија тимот на Шкендија со 3-1, и така се закитија со трофејот.

Работнички покажа дека има намера да дојде до трофејот уште по првиот дел, кога поведе со 2-0. На стартот од вториот дел скопскиот тим стигна и до 3-0, но набрзо потоа Шкендија постигна гол со кој ја врати неизвесноста.

Меѓутоа до крајот на мечот тетовската екипа не успеа да се врати резултатски, и така Работнички стигна до овој драгоцен трофеј.

Се вчитува...