Работнички потпиша со поранешна „кош-машина“ на Фени индустри

Работнички го договори и четвртиот трансфер на странски кошаркар за новата сезона, договарајќи ги условите со хрватскиот интернационалец Карло Враговиќ. Станува збор за играч познат на македонската кошаркарска јавност бидејќи две сезони со успех го носеше дресот на Фени индустри, по што во 2016 година го напушти кавадаречкиот клуб и се пресели во турскиот прволигаш Бурсаспор.

Враговиќ самиот го обелодени трансферот во редовите на најтрофејниот македонски клуб во изјава за порталот “Basketball.hr”.

„Многу сум задоволен од условите и од амбициите на клубот кој ќе се натпреварува во домашното првенство и во АБА2 лигата. Добро сум запознаен со државата и со окружувањето во кое ќе играм. Тренер е поранешниот играч Димитар Мираковски, а спортски директор е легендата на македонската кошарка, Марин Докузовски“, изјави Враговиќ за “Basketball.hr”.

Се вчитува...