Работнички потпишува со Бенџамин!

Американецот Двејн Бенџамин е кошаркарот од кого се очекува да биде најголемо засилување за Работнички во новата сезона откако „центарци“ покажаа сериозен интерес за да го вратат одличниот кошаркар назад во мак-баскетот. Само за потсетување, Бенџамин имаше извонредна сезона во дресот на Блокотехна, прикажувајќи бројни одлични партии, а минатото лето интерес за неговите услуги покажа и МЗТ Скопје.

Тој сепак реши да си замине и кариерата да ја продолжи во чешкиот прволигаш Пардубице, но една година подоцна Бенџамин е подготвен за камбек, овојпат во „Градски Парк“. Преговорите се во завршна фаза и се очекува Американецот наскоро и дефинитивно да му се стави на располагање на тренерот Мираковски. Бенџамин за соиграч во Работнички ќе го има својот поранешен тимски колега од Блокотехна, Горан Главчев.

Во ситуација кога голем дел од клучните домашни играчи си заминаа или се пензионираа, се очекува лидерската улога во Работнички да ја преземат странските кошаркари. Пред Бенџамин, на плејмејкерската позиција беше потпишан Лесколт, кој лани беше МВП во австриската лига, додека како засилување за борбата под обрачите е договорено доаѓањето на Крис Кокли, Американец кој пристигнува од украинскиот прволигаш Черкаски Мавпи.

Се вчитува...