Работнички против Хонвед по триумф за позитивен европски старт

Работнички е првиот македонски тим кој сезонава стартува во квалификациите за Лигата на Европа. „Романтичарите“ денеска од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје против унгарскиот Хонвед ја почнуваат својата европска одисеја.

Желни се во таборот на Работнички со победа да го почнат европскиот пат иако е јасно дека Хонвед е повеќе од сериозен противник против кого ќе треба максимален ангажман во желбата да се елиминира во првото квалификациско коло.

„На нас е да го дадеме максимумот. Имаме квалитет, работевме напорно во текот на подготовките, мислам дека сме добро воиграни и ќе дадеме се за да се пласираме во следното коло. Хонвед е квалитетен тим, но и ние имаме верба во себе. Секако посакуваме триумф на првиот меч во Скопје. Во голема мера резултатот од овие дуели ќе зависи од нас самите“ – вели капитенот на Работнички, Остоја Стјепановиќ.

Билетите за денешниот натпревар, по цена од 200 денари, ќе може да се набават и на билетарата пред тренинг центарот на ФФМ во рамките на комплексот на „Куќа на фудбалот“ во Аеродром.

 

Се вчитува...