Кошаркарите на Работнички се мачеа до последната минута да дојдат до победа против МЗТ Скопје 2 во заостанатиот натпревар од 20. коло во Првата кошаркарска лига. На крајот Работнички со пресврт во последната четвртина дојде до триуф од 84-77.
А, иако натпреварот почна со рутинско водство во првиот период на домашните од 19-12, сепак во продолжението поради комбинациите во составот на Работнички, вториот тим на МЗТ успеа да дојде до пресврт и во последната четвртина влезе со предност од три поени, 57-60.
Во последната четвртина далеку посериозна игра на кошаркарите на Работнички кои на крајот дојдоа до заслужена победа од 84-77.
Најефикасен во победничкиот тим беше Питс со 32 поени, дополнети и со по четири асистенции и скокови, а Ефремовски мечот го заврши со 14 поени. Кај МЗТ Скопје 2 се издвоија Митевски со 17 поени и Зекири со 14 поени и седум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА