Работнички се провлече низ Куманово и останува единствен непоразен

Работнички ја забележа третата сезонска победа во домашниот кошаркарски шампионат откако го доби супернеизвесниот дуел со Куманово со 70-72 и се проби на лидерската позиција на табелата како единствен тим кој е без неуспех по трите одиграни рунди. За кумановци ова е втор пораз сезонава.

Ниту една од екипите не успеа во текот на дуелот да обезбеди доволно висока предност и дистанца за мирен финиш. Куманово беше поуспешен во воедниот сегмент кој го доби со 19-13, но Работнички возврати добивајќи ја втората четвртина со 23-18 по што разликата на полувремето беше само еден поен.

Во второто полувреме Работнички беше подобар во третата четвртина со 20-17, а завршниот период беше израмнет, 16-16, па неизвесната завршница беше во корист на скопскиот состав.

Двејн Бенџамин со 31 поен беше лидер во триумфот на Работнички, Младеновски имаше 11 поени, а ниту еден друг кошаркар на вицепрвакот немаше двоцифрен број поени. Кај Куманово, Младеновиќ имаше 17 поени, Стојановски 15, а Марковски 14.

Се вчитува...