Работнички се засили и со Мијатовиќ: Србинот го одбра Градски парк пред Аеродром

Работнички за новата сезона се засили и со Данило Мијатовиќ кој, меѓу двете понуди од тимот од Градски парк и онаа од МЗТ Скопје, се одлучи да ја прифати првата.

36-годишниот кошаркар изминатово лето постигна договор за трансфер во АВ Охрид, но по згаснувањето на клубот, сега се сели во редовите на Работнички.

Мијатовиќ, кој во Македонија е четири години, претходно беше член и на МЗТ Скопје и Куманово, а две сезони играше и за гевгелиска Блокотехна. Минатата сезона беше прогласен и за најкорисен играч во БИБЛ лигата во кое натпреварување стигна и до титулата со Блокотехна.

Се вчитува...