Работнички се засили со Американец, Хрват и Словенец

За продолжението од шампионатот КК Работнички се засили со три нови имиња кои треба да го поведат клубот во битката за шампионската титула сезонава.

Тимот од Градски парк ги регистрираше Американецот Рајнер Торнтон, Словенецот Мирко Мулалиќ и Хрватот Филип Бундовиќ.

Американец Торнтон е поранешен кошаркар на Мемфис Хасл, додека Мулалиќ доаѓа од редовите на Цедевита каде настапуваше минатата сезона. Претходно во својата кариера настапувал и за Унион Олимпија, Крка и Приморка.

Хрватот Бундовиќ во својата кариера има настапи за Шибеник, Цедевита и Зрињски.

Се вчитува...