Работнички доведе уште едно засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на нашиот клуб е Сантијаго Родригез (20), крилен напаѓач кој доаѓа од Каракас, најпознатиот клуб и актуелен вицепрвак на Венецуела. Тој потпиша договор и се приклучи на подготовките на тимот во Анталија.
За Сантијаго Родригез доаѓањето во ФК Работнички ќе биде прво интернационално искуство и предизвик да се наметне во европскиот фудбал.
Минатата сезона тој одигра 28 натпревари за тимот на Каракас и постигна пет гола. Каракас е клуб со 12 шампионски титули во првенството на Венецуела, а минатата сезона ја заврши на втората позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА