Работнички ги засили редовите со двајца Гамбијци (ФОТО)

Фудбалерскиот клуб Работнички ги засили своите редови во двајца гамбиски напаѓачи, Ебрима Баџие и Ламин Дарбо од кои се очекува да бидат од голема корист во нападот на „романтичарите“.

Дваесетидве годишниот Ебрима Баџие доаѓа од гамбискиот клуб Брикама Јунајтед и игра на позицијата офанзивен играч за врска, а ја покрива и позицијата крилен напаѓач.

„Среќен сум што добив шанса да настапувам за Работнички. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари целите во новата сезона“, изјави Баџие.

Осумнаесетгодишниот Дарбо пак истотака има настапувано во првенството на Гамбија, а тој е и помладиот брат на поранешниот играч на Шкупи, Дембо Дарбо, а игра на позицијата централен напаѓач.

„Запознат сум квалитетот на првенството во Македонија и за мене тоа е голем предизвик. Ќе се потрудам да ја оправдам довербата“, изјави Ламин Дарбо.

Се вчитува...