Работнички со два убедливи порази на турнирот во Романија

Македонскиот вицепрвак Работнички викендов учествуваше на турнир во Крајова, Романија, каде „центарци“ претрпеа два убедливи порази.

Прв ривал на Работнички беше тимот на Крајова предводен од Александар Тодоров, кој со одлична игра во второто полувреме на крајот триумфираше со убедливи 91-68. Избраниците на Димитар Мираковски денеска во „малото финале“ се сретнаа со Динамо Букурешт, стигнувајќи до нов двоцифрен пораз, овојпат изразен со „минус дванаесет“ (75-87).

Најдобар поединец и на двата натпревари беше американскиот плејмејкер Лесколт, кој беше избран и за најдобар стрелец на овој турнир.

Тренерот Мираковски е во потрага по нов центар откако Работнички реши предвреме да го раскине договорот со Американецот Крис Кокли, кој беше најавуван како големо засилување, но пристигнал повреден во Скопје. Добра вест за „центарци“ е што Кире Николовски почнал со тренинзи по тешката повреда на коленото.

Се вчитува...