Работнички владее со македонската кошарка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички го освои Купот на Макеоднија триумфирајќи во финалната пресметка од завршниот турнир во Гевгелија над Блокотехна и испиша нова страница во богатата историја на клубот.

Блокотехна парираше во првото полувреме, но Работнички беше доминантен во второто и носи во Скопје нов пехар.

Убавото финале го поздравија и навивачите во гевгелиската сала, крајот на дуелот донесе аплаузи и за двете екипи. Гледачите на нозе ги поздравија кошаркарите и на Блокотехна кои одиграа одличен завршен турнир, како и освојувачите на Куп-трофејот.

 

 

 

Се вчитува...