Работнички во нов проект со суперлигашки амбиции

РК Работнички стартуваше со новиот проект и со подготовките за новата сезона. Клубот со богата традиција ќе се обиде одново да се врати на суперлигашката сцена, со нова управа, засилен состав и под покровителство на Општина Центар.

Тренер на екипата е поранешниот селектор на македонската репрезентација, Ристо Трпчевски, а ќе му помага Слободан Чивлачки. Новиот состав на Работнички го сочинуваат млади ракометари од школите на Вардар, неколку ракометари доаѓаат од Прилеп, Струмица и од Пелистер, а тимот ќе биде засилен и со двајца бекови од Украина – Олег Кугородски на десен бек и Дима Пољак на лев бек.

„Амбиците се да избориме настап во Супер лигата и да формираше што поширока база од играчи од школите што гравитираат во Општина Центар. Комплетиравме добар тим со над 20 ракометари, главно од генерацијата 1997 и помлади, засилен со двајца поранешни репрезентативци на Украина. Во младинска категорија ќе настапуваме како Работнички – Шампион, во соработка со ракометната школа „Шампион“.Имаме добар проект, Општина Центар ни е главен покровител и верувам дека ќе ги оставиме зацртаните цели“ – истакнува генералниот менаџер на тимот, Агрон Хајредин.

Во претстојната сезона, РК Работнички ќе се натпреварува во Првата лига, а подготовките пред стартот ќе бидат реализирани во Скопје, дел на помошното игралиште на ФК Работнички, а потоа во салата „Мајка Тереза“ во Капиштец.

Се вчитува...