Работнички со блескава последна четвртина го „преплива“ Црн Дрим

Работнички влегува во нива победничка низа откако во заостнатиот натпревар од 15. коло славеше на гостувањето во Струга против Црн Дрим со 78-85. Домаќините одиграа нов одличен натпревар во кој успеаја да го добијат фаворитот во скок играта (35-30) и играта во рекетот (46-32), но потфрлија во последната четвртина во која искусниот тим од главниот град ги корсистеше грешките на стружани, одигра добро во одбраната и ја забележа 14. победа во сезоната.

Неизвесниот натпревар двата тима го наговестија од самиот старт. Првата четвртина заврши во егал (19-19), а играта „кош за кош“ во кој ниеден тим не успеа да направи позначајна разлика продолжи и до крајот на првото полувреме кое им припадна на гостите благодарение на серијата од 6-0 во последните две минути (41-43). Избраницие на Чочороски одиграа добро во одбраната на отварањето на вториот дел од натпревар во кој дозволија само 13 поени на нашиот најтрофеен кошаркарски колектив, а постигна 21 со што ја превземаа иницијативата пред одлучуваките десет минути (62-56). Тешко стекнатата предност на Црн Дрим не траеше долго бидејќи до 33. минута од мечот Работнички преку Мулалиќ, Питс и Бундовиќ направи серија од 12-2 со што стигна до +4 (66-70), а моментумот на „црвено-белите“ продолжи до самиот крај што беше доволно за нова победа.

Соколовиќ и Пантиќ беа предводниците на Црн Дрим со по 16 поени, дабл-дабл од 14 поени и 15 скока забележа Жао Марсело, додека како двоцифрен со 13 поени натпреварот го заврши Коскоски. Питс беше првото име кај Работнички со 25 поени и 4 асистнеции, Иван Аска додаде 19 поени и 9 скока, додека Бундовиќ натпреварот го заврши со 17 поени и 5 скока.

Се вчитува...