Работник ја растури Струга во дуелот на „непобедливите“

Ракометарите на Работник ја декласираа Струга со преубедливи 34-16, во дуелот на двете екипи што не знаеја за пораз во досегашниот дел од сезоната во Супер-лигата. Иако битолчани важеа за фаворити сепак се очекуваше барем малку неизвесен дуел, но наместо тоа во салата „Младост“ можеше да се проследи доминација на домашниот тим, кој на крајот постигна и над двојно повеќе погодоци од стружани.

Интересно е што гостите одиграа добро парираа во првото полувреме, во неколку наврати имаа предност од два гола, пред крајот водеа и со 9-10, за Работник да направи мини-пресврт и на одмор да замине со предност од 15-12. Битолчани потоа го отворија вториот дел со серија од 7-1, експресно се одлепија и го решија прашањето на победникот. Особено моќно делуваше одбраната на Работник, која во вторите 30 минути им дозволи на гостите да постигнат само четири погодоци.

Филип Кузмановски со осум гола беше прв стрелец на победничкот тим, четири постигна Џукиќ, додека најефикасен кај Струга беше Цветан Кузмановски со шест погодоци.

Се вчитува...