Работник лесно до бодовите против Вардар јуниор

Претпоследното коло од ракометната Супер-лига беше комплетирано со вечерашниот меч меѓу Вардар јуниор и Работник, на кој гостите од Битола рутински го освоија СРЦ „Кале“ со 23-31. Средбата немаше преголемо натпреварувачко значење со оглед на фактот дека Работник се пласираше во плејоф натпреварувањето, додека Вардар јуниор ќе игра плејаут за опстанок, но гостинскиот состав без оглед на се рутински ја оправда фаворитската.

„Вардарци“ се држеа и добро парираа само во првите дваесетина минути, за потоа во завршницата од полувремето „сино-белите“ да го наметнат сопствениот ритам и на одмор да заминат со убедлива предност од 9-15. Вторите 30 минути беа рутина за битолчани, кои не само што ја одржуваа позитивата, туку на крајот и ја зголемија до конечни осум гола разлика.

Португалецот Барош со девет гола беше прв стрелец на овој натпревар, Мајнов даде шест погодоци за Работник, додека најефикасен во редовите на Вардар јуниор беше македонскиот репрезентативец Мартин Поповски со седум постигнати гола.

Се вчитува...