Работник лесно го совлада Металург 2, одлично деби на Дрогришки

Екипата на Работник рутински стигна до нова победа во рамките од ракометната Супер-лига, откако попладнево во Битола лесно го совлада тимот на Металург 2 со 32-22. Битолчани немаа мака да го скршат отпорот на младиот тим на „металурзите“, кој им парираше во првите дваесетина минути, до водството на домаќините од 8-6.

Избраниците на Доне Бошковски подобро го финишираа првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 15-10. Работник потоа за првпат стигна до „плус десет“ на десетина минути до крајот (27-17), предност што битолскиот суперлигаш ја одржуваше до самиот крај.

Стефан Дрогришки, кој пред неколку дена потпиша за Работник од редовите на Металург, имаше одлично деби за битолскиот клуб постигнувајќи шест гола, исто колку и Златко Мојсоски. Најдобар стрелец на Металург 2 при денешниот пораз беше Димитриоски со седум постигнати погодоци.

Се вчитува...