Раде Стојановиќ го објави поширокиот список на кадетската репрезентација за СП 2023 во Хрватска

Селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација, Радe Стојановиќ, го објавуви поширокиот список на ракометари за претстојното Светско првенство 2023 кое ќе се одржи во Хрватска 2. август до 13. август.

Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.

Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во Главната рунда, а останатите две репрезентации се пласираат на Президент Куп.

Во Главната рунда вкрстуваме со групата Е, во која е репрезентациите на Мексико, Данска, Чиле и Австрија.

Се вчитува...