По кратка пауза од клупската сцена, македонскиот ракометен тренер Радослав Стојановиќ повторно се враќа на тренерската клупа во Словенија. Овој пат, тој ќе го предводи тимот на Ајдовшчина, со кој потпиша договор за соработка до 2027 година.
Главната цел на Стојановиќ во новиот ангажман ќе биде пласман во првата словенечка ракометна лига, каде што Ајдовшчина моментално се натпреварува во второто ниво на конкуренција. Стојановиќ има богато искуство во македонскиот ракомет, каде што работеше со екипите на Металург, Тиквеш и Охрид, а имаше и ангажман во Катар Спортс. Во Словенија, тој минатата сезона го водеше Тримо Требње до третото место во првенството, по што на крајот на сезоната 2024/2025 се раздели со клубот.
Враќањето во Словенија претставува нов предизвик за искусниот стратег, кој е познат по својата посветеност и амбициозни цели.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

