Радески: Одлично е чувството да си повторно на терен и да постигнеш гол

Шкендија славеше убедливо против Победа со 5-2, а во листата на стрелците се запиша и репрезентативецот Марјан Радески, кој се врати на терените по сериозната повреда на коленото. Вели дека одлично е чувството да се биде повторно на фудбалското поле, во составот на шампионот.

„Одлично е чувството да си повторно на теренот. Зад мене е тежок период, но такви работи се случуваат во фудбалот, повредите се неодминлив дел од спортот. Се надевам дека ќе ме избегнуваат во иднина и дека ќе можам да се посветам на тоа што најмногу го сакам, да играм фудбал. Полека се враќам, добив минутажа против Силекс, а сега и малку повеќе минути против Победа и среќен сум што постигнав гол. Видов и како се радуваа моите соиграчи на погодокот, ја имам поддршката од сите во тимот и се надевам дека во наредниот период и јас и Шкендија ќе бидеме уште подобри и на крајот ќе се радуваме на нова титула“, изјави за ЕКИПА, Марјан Радески.

Шкендија во среда гостува во Струмица и во 26.коло ќе ги одмери силите со тимот на Академија Пандев.

Се вчитува...