Радески пред гостувањето во Битола: За Шкупи секој меч сезонава е финале!

По триумфот над Македонија ЃП, Шкупи денеска во 3. коло од ПМФЛ го очекува гостувањето против Пелистер.

Новото засилување на чаирчани, Марјан Радески вели дека неговиот тим мисли само на трите бода од Битола, без разлика што и Пелистер по двата стартни порази во сезоната ќе бара можност за „рехабилитација“ на домашен терен.

„Го почитуваме Пелистер без разлика на двата нивни порази. Свесни сме против каков ривал ќе играме, но,ние сме максимално подготвени за секоја средба. За нас секој натпревар од лигата оваа сезона ќе биде како финале. И во Битола сега одиме по трите бода“ – вели Радески.

Натпреварот меѓу Пелистер и Шкупи се игра со почеток од 17 часот. Шкупи е на врвот од табелата по две кола со четири бода.

ПМФЛ – 3. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ

Кавадарци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ

Се вчитува...