Шампионот Струга ТЛ денеска од 13 часот во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига ја пречекува екипата на Воска Спорт.
Јасно е дека се освен победа би било голема изненадување. Тоа го знае и напаѓачот Марјан Радески, кој верува во триумф.
„Јасно е дека ова е важен натпревар за нас. Мора да ги освоиме трите бода, секој друг резултат ќе биде катастрофа за нашиот тим. Знаеме дека имаме квалитет за победа. Не е важно тоа кој ќе постигне погодок, важно е сите да го дадеме максимумот и да дојдеме до трите бода“ – вели Радески.
ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО
Гостивар: БЕСА – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА