Радески: Шкупи освои важни три бода против Работнички

Лидерот Шкупи вчера го совлада тимот на Работнички на негов терен со 0-1, и така ја задржа предноста од осум бода на првото место на табелата пред ривалот Шкендија.

Голот вреден победа го постигна Марјан Радески во 67. минута кој откако добро беше проигран од Адетунџи, погоди во мрежата на Мустафа за голем триумф на чаирчани.

Радески изрази задоволство од голот и од победата на својот тим.

„ Ова се три важни бода за нашиот тим. Даваме максимум на секој натпревар и се надеваме дека ќе продолжиме вака додека не уживаме со нашите навивачи и ќе ја донесеме титулата на Чаир. Голот беше важен, но повеќе ме радува фактот што успеавме да дојдеме до трите бода, кои мислам дека ги заслуживме бидејќи доминиравме во играта од почетокот до крајот“, рече Радески.

Се вчитува...