Радичевиќ: Дојдете во сала, нема уште долго да сме заедно

Ракометарките на Вардар продолжија со одлични настапи во Лигата на шампионите, декласирајќи го составот на Будуќност со 31-24. „Црвено-црните“ делуваа перфектно во првото полувреме во кое имаа и единаесет гола предност, за потоа малото опуштање во вторите 30 минути да донесе и намалување на разликата.

„Мило ми е што го одржувам дадениот збор, дека годинава „Јане Сандански“ ќе остане неосвоен. Максимално подготвени влеговме во овој натпревар, тоа беше очигледно со доминантното прво полувреме. Забележавме триумф, но ова не е нашиот максимум, имаме уште многу да кажеме. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа, се надевам дека на следниот натпревар ќе бидат во уште поглем број бидејќи нема уште долго да сме заедно“ – изјави Јованка Радичевиќ.

Се вчитува...