Радичевиќ една од трите ѕвезди на колото во ЛШ

Ракометарката на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ е една од трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионите.

Радичевиќ имаше одлично издание на дуелот против Турингер, постигнувајќи девет погодоци што ја смести меѓу најдобрите три ракометарки во оваа рунда натпревари од Лигата на шампионите.

Покрај Радичевиќ, меѓу трите ѕвезди се и Вероника Кристијансен и Аурелија Браденау. Изборот на најдобрите според ЕХФ може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...