Радичевиќ: Поразот од Мец – будење пред клучните битки

Ракометарките на Вардар се решени експресно да го остават зад себе разочарувачкиот пораз од Мец, па веќе в петок на домашниот натпревар со Битигхајм да се вратат на победнички патеки во Лигата на шампионите. Станува збор за ривал што „црвено-црните“ веќе го победија на гостински терен во Германија со убедливи 26-38, резултат што го прави македонскиот првак апсолутен фаворит во пресрет на наредниот натпревар.

„Поразот од Мец дојде во вистинско време за да не летаме, туку да се разбудиме пред клучните битки. Мое мислење е дека Мец одигра идентично на двата натпревари со на,с но ние многу грешевме, не бевме на посакуваното ниво и зтоа загубивме. Мораме да ја вратиме позитивната енергија против Битигхајм, противникот ќе сака да приреди изненадување, но ние нема да им дозволиме такво нешто“ – изјави Јованка Радичевиќ.

Ирина Дибирова очекува триумф за запечатување на првото место во групата, а кај германскиот состав како клучен елемент го посочи нападот „седум на шест“.

„Победивме на гостински терен против овој ривал, но не забораваме дека во првото полувреме воопшто не ни беше лесно. Тие се незгоден ривал со својата игра „седум на шест“ во нападот, но ги анализиравме и максимално подготвени ќе го дочекаме натпреварот в петок“ – истакна Дибирова.

Се вчитува...