Радичевиќ со солзи: Да играме пред полни трибини и да уживаме

Ракометарките на Вардар во сабота (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Митјиланд во реванш натпреварот од четвртфиналето со кој треба да го заверат и пласманот на Ф4 турнирот во Будимпешта. Победата од првиот меч, но и емотивниот момент му даваат посебна важност на овој натпревар. Ова ќе биде последен дуел пред скопската публика за овој состав на Вардар од кој на крајот на сезоната си заминуваат речиси сите ракометарки.

Свесна сум за тоа дека нема да биде лесно. Верувам дека ќе можеме со победа одново да обезбедиме учество на Ф4 турнирот во ЛШ. Сигурно ќе има многу емоции, но, мора да дадеме максимум за да дојдеме до посакуваното учество во Будимпешта. Би сакала на овој дуел да играме пред полни трибини и да уживаме“ – истакна капитенот на Вардар, Јованка Радичевиќ.

Македонскиот шампион го доби првиот дуел во Данска со 23-24 и реално, има фаворитска улога и големи шанси петта година по ред да обезбеди учество на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...