Радивојевиќ: Сезоната во ЛШ е искуство за сите во Битола, сега одиме по титула

Богдан Радивојевиќ е најзвучното засилување кое пристигна минатото лето во Е. Пелистер, српскиот интернационалец експресно се наметна како еден од лидерите на тимот, но за жал битолчани не успеаја да се израдуваат на барем една победа во сезоната во Лигата на Шампионите.

Поранешниот ракометар на Пик Сегед верува во својот тим, убеден е дека искуството од овие европски порази ќе биде драгоцени во битките во иднина, најавувајќи дека „пелистерци“ се подготвени за одбрана на шампионската титула.

„Пелистер е нешто сосема поинакво од она што го имав во претходните десет години во Германија и во Унгарија. Тоа е клуб со традиција, со фанатични навивачи. Екипата е млада, нова, имаме само два-три искусни ракометари. За жал, не освоивме ниту еден бод во ЛШ, но верувам дека ова ќе биде големо искуство за сите во Битола, младите видоа како е да се игра најголемото можно натперварување. Не почнавме најдобро во домашното првенство, но имаме шанса во плејофот тоа да го исправиме и да ја одбраниме титулата. Титулата во првенството на Македонија, тоа е нашиот приоритет до крајот на сезонава“, изјави Богдан Радивојевиќ во интервју за српските медиуми.

Се вчитува...