Радои го напушта кормилото на Романија по завршувањето на мундијалските квалификации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Романија, Мирел Радои по вчерашниот триумф над Ерменија, најави дека по завршувањето на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година тој ќе го напушти кормилото на репрезентацијата.

Романија во моментов се наоѓа на второто место во квалификациската група Ј со 13 бода, еден повеќе од репрезентациите на Македонија и Ерменија. Сепак, како што кажа и доколку заврши втор во групата и избори пласман во баражот тој секако завршува со репрезентацијата на Романија.

„Време е за нов човек кој ќе ја преземе репрезентацијата. Во моментов сакам малку да одморам, а потоа да почнам да работам во клупскиот фудбал. Се надевам дека квалификациите ќе ги завршиме со две победи и на најдобар можен начин ќе ја завршам мојата работа. Мојот конечен став е дека завршив со работата во репрезентацијата“, изјави Радои.

Се вчитува...