Радои: Македонија игра побрзо со новиот селектор

Романскиот селектор Мирел Радои упати комплименти за играта на Македонија во септемвриските квалификации под водство на Благоја Милевски. Иако Милевски се уште е без победа на чело на А-селекцијата, Радои смета дека Македонија игра поквалитетно под водство на новиот кормилар.

Романците во драматичен меч славеа над Македонија со 3-2 во Букурешт, но Радои очекува поинаков натпревар утревечер во Скопје.

„Можам да упатам само пофалби за новиот селектор, играта на Македонија под негово водство е побрзо. Исто така, играчите се многу поспремни и побрзи од она што го гледавме од нив во Букурешт. Ако треба некого да издвоја, тоа се Барди и Елмас, на кои ќе мораме посебно да внимаваме“, изјави Радои.

Се вчитува...