Радои верува дека од клупата ќе ја води Романија на мечот со Македонија

Селекторот на Романија, Мирел Радои верува дека ќе ја води неговата селекција на натпреварот против Македонија во четврток во Букурешт на стартот од квалификациите за СП 2022.

Како што информираат од Романската фудбалска федерација, Радои, кој од 15. март е позитивен на Ковид-19, во четврток ќе прави тест и доколку е негативен се очекува да биде на клупата на својата селекција.

Романците посакуваат да бидат предводени од Радои, кој на почетокот од месецот примил и прва доза од вакцината на Фајзер, но и покрај тоа сепак на 15. март бил позитивен на тестот на коронавирус.

Доколку тестот не биде негативен, тогаш романската селекција ќе биде предводена на мечот со Македонија од неговиот асистент Никола Дика. А, Радои, пак, во тој случај ќе очекува да биде на клупата на следниот натпревар против Германија на 28. март.

Се вчитува...