ЕКИПА во Букурешт, Романија
Владимир Булатовиќ
Селекторот на репрезентацијата на Романија, Мирел Радои на прес-конференцијата по средбата искажа задоволство од стартната победа на неговата селекција во квалификациите за СП 2022.
„Задоволен сум од овој натпревар и оваа победа. Сакам најпрво да искажам честитки на Македонија која не случајно се врати од негатива од 2-0, но ние на крај имавме повеќе среќа и дојдовме до победата. Сепак, имавме бројни шанси на дуелот и заслужено триумфиравме, а победата требаше порано да ја осигураме. Секогаш е тешко да се играат првите натпревари од еден нов квалификациски циклус и затоа сме среќни што дојдовме до трите бода на еден вака тежок натпревар“ – истакна Радои на прес-конференцијата по средбата, притоа не криејќи пофални зборови и за капитенот на македонската селекција.
„Мора да искажам и восхит за Горан Пандев кој и покрај годините одлично се уште игра на теренот и е двигател за својот тим. Го знам Горан од претходно уште кога бев играч, и се уште се восхитувам на него На Горан и на Македонија им посакувам многу успех на Европското првенство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА