Радосна вест за Тотенхем: Кејн се врати на тренинзите

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, се опорави од повредата на скочниот зглоб и ќе може многу брзо да се врати во составот на „спарси“. Ова секако е одлична вест за менаџерот Маурисио Покетино, во пресрет на полуфиналниот дуел со Челси во ФА Купот на Англија, како и завршницата на сезоната во Премиер – лигата.

Кејн заработи сериозна повреда на глуждот на дуелот од ФА Купот против Милвол, и е надвор од терените од 12 март. Во досегашнииот тек од сезоната, тој постигна 24 гола во дресот на Тотенхем, од кои 19 во Премиер – лигата.

Се вчитува...