Радост во Белград: Пaртизан преку пеналите до плеј-офот во Лигата на Конференции

Драматичен меч во Белград меѓу Партизан и Сабах од Азербејџан. Гостите имаа 2-0 од првиот меч, меѓутоа во Белград „изгореа“ во атмосферата, и со идентична победа Партизан се избори за пенали, а преку нив до победа и дуел со Нордсјиланд во обидот да се пласира во групната фаза во Лигата на конференции.

Партизан во регуларниот дел стигна до победа идентична како противникот на првиот меч. Белградските „црно-бели“ триумфираа 2-0 со головите на Салдања и на Натхо. Српскиот тим имаше шанси и во регуларниот дел да дојде до пласман во следната фаза, но не успеа да постигне гол и се играа продолженија.

Во продолженијата, пак, Сабах нешто подобар тим, но не успеаја да матерлијализираат.

Херој на Партизан е голманот Јовановиќ кој во петатата серија одбрани пенал, откако неговите соиграчи ги погодија сите четири. Вреди да се напомене дека Јовановиќ еднаш го одбрани пеналот, но судијата реши да се повтори, и тој го одбрани со што стана херој на својата екипа. Инаку Јовановиќ одбрани пенал и на првиот меч и е најзаслужен за овој успех на „црно-белите“.

Се вчитува...