Радост за Наполи: Милик се враќа на тренинзите

Од Италија стигнуваат убави вести за навивачите на Наполи, затоа што полскиот напаѓач, Аркадиуш Милик потполно се опорави и наскоро ќе започне со стандардни тренинзи со својот клуб.

Играчот заработи тешка повреда на колеото на дуелот помеѓу Полска и Данска минатиот октомври и лекарите му прогнозираа пауза од шест месеци. Сепак, тој успешно ги помина медицинските тестови и е констатирано дека ќе може да се врати на тренинзите на тимот од Неапол.

Тој од стартот на сезоната во Италија, настапи на вкупно девет натпревари и постигна седум погодоци, а неговото опоравување ќе биде многу значајно за стратегот Сари.

Се вчитува...