Радовиш ќе го предизвика Вардар за место на Ф4 во Купот на Македонија

Ракометарите на Радовиш ќе го предизвикаат Вардар во натпреварот за пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако во вториот меч од групата славеа над Астраион со убедливи 24-39.

Радовишани го добија првото полувреме со убедливи 23-9 и уште по првите 30. минути ги решија сите дилеми околу победникот. Ивица Илиев со осум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Славе Јанковски заврши со 14 гола.

Натпреварот меѓу Вардар и Радовиш ќе се игра денеска со почеток во 17:30 часот.

Се вчитува...