Пелистер по пауза од цели 15 години повторно ќе игра финале во Купот на Македонија откако битолчани вечерва на домашен терен го совладаа Еуро Никел со резултат 78-68.
Тренерот на битолчани Дарко Радуловиќ по мечот изјави дека клучна за победата била енергијата на неговите играчи.
„Како и за сите натпревари досега со Еуро Никел, така и сега. Беше тесно, тврдо. Секогаш успеаваат да наметнат свое, споро темпо на игра. Одлично ја држат топката и нè тераат многу да работиме во одбрана. Денеска победи енергијата кај нас, имавме 17-18 скока повеќе од нив и тоа беше клучно“, изјави Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА