Дарко Радуловиќ не го криеше разочарувањето откако Пелистер не успеа да стигне до првиот куп-трофеј во клупската историја, во драматична завршница губејќи од МЗТ Скопје со минимални 60-62.
Според Радуловиќ, клучен бил последниот напад на МЗТ што Американецот Ворку го реализираше, а тренерот на „пелистерци“ е разочаран бидејќи побарал од своите кошаркари да направат фаул (се уште не беа влезени во бонус), но тие не го сторија тоа, а Ворку рутински тргна на положување и ги постигна победничките поени за МЗТ Скопје.
„Му честитам на МЗТ Скопје, мислам дека речиси цел натпревар имавме контрола над играта и бевме подобра екипа. Во вториот дел имавме мал пад, но како што кажува резултатот се играше на мал број поени. На крајот, се се сведе на само една топка, во напад во кој се договоривме да правиме лична грешка и не знам како не успеавме да направиме бидејќи имавме уште еден ‘мал’ фаул. Претпоставувам дека тоа ќе донесеше продолжение и можеби поинаков исход на мечот. Немам замерки на играчите кои беа подготвени да се борат и да се натпреваруваат. Ете, мал дефокус донесе пораз“, изјави Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА