Радуловиќ: Одбраната над клучните играчи го реши дербито, имаме уште простор за напредок

МЗТ Скопје го разби Работнички во првото лигашко дерби за сезоната. Аеродромци беа подобриот противник од самиот почеток па до крајот, одиграа на високо ниво во одбраната над клучните играчи на „црвено-белите“ со што го лимитраа противникот на 41 поен за три четвртини и стигнаа до лесна победа, која за „сино-белите“ е воедно и петта во низа.

Тренерот на „штрковите“ Дарко Радуловиќ не го криеше задоволството од прикажаното на неговата екипа, но напомена дека овој тим има простор за напредок поготово во шутот за три поени.

„Мислам дека одигравме добро во првите три четвртини каде со нашата енергија успеавме да наметнеме темпо и го одржавме. Го исполнивме договореното па и покрај тоа што не ни функционираше шутот одигравме квалитетно во одбраната, скок играта и транзицијата. Работнички имаше многу промашени слободни фрлања, но фокусот кој го ставивме во добраната на три, четири клучни нивни играчи даде резултат. Ги лимитиравме Џексон, Марковски, Мацура и Луизер и ги приморивме да одат на некои индивидуални обиди“

„Полека ги надминуваме повредите и со тоа се гледа дека веќе одржуваме ритам, фокус и имаме подобра комуникација. Работиме во следниот период да ги вратиме и шутерски Вер, Крстевски и Мекиќ со што ќе бидеме уште подобри и ќе имаме повеќе опции“, изјави за ЕКИПА тренерот на МЗТ Скопје.

По дуелот со Работнички, МЗТ Скопје се враќа на АБА2 лигата каде ги очекува „балон“ во Осијек против Пелистер и домаќинот на турнирот.

Се вчитува...