Радуловиќ: ТФТ беше енергетски подобар од нас

МЗТ Скопје не успеа да го престигне Работнички на вечната листа на освоени трофеи во Купот на Македонија откако загуби во финалето од ТФТ. Аеродромци не беа на претпознатливото ниво во нападот и одбраната,

По натпреварот тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ истакна дека ТФТ повеќе ја посакувале победата и дека биле енергетски посилни од неговиот тим.

„Мислам дека енергетски ТФТ беше подобар од нас. Имавме проблем со скокот, нешто на што многу обрнавме внимание за време на подготовката, но едноставно не успеавме да го сопреме нивниот најдобар скокач Смит и кога имате обиди од втора шанса постојано, тоа е проблем. Исто така и имавме проблем со Дамјан Стојановски кој беше исклучен, и сега не е мое да коментирам колку тој прекршок беше за техничка грешка. Не играше и Мекиќ, ни недостасуваше таков играч во ротацијата. ТФТ едноставно повеќе ја посакуваше победата и енергетски беа посилни. Во моментите кога се враќавме, правевме глупости. Но, тоа е, кога имате екипа која е нова во некои сегменти, посебно на плејмејкерската позиција, тоа и се случува. Купот е таков, ја честитам титулата на ТФТ затоа што ја заслужија и целиот турнир беа на високо ниво“, рече тренерот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...